ФОТО: 11 матуранти и 22 професори во гимназија во Македонски Брод

 

Во гимназијата „Св. Наум Охридски“ во Македонски Брод оваа учебна година ќе ја завршат 11 матуранти.

Матурското табло на гимназијата од Македонски Брод на кое има повеќе наставници од ученици, а кое се сподели на социјалната мрежа Твитер,  покажува дека во гимназијата има само 11 матуранти и 22 професори кои предваат во училиштето.

Во училиштето има две паралелки од четврта година, едната по гимназиско образование во која ќе матурираат осум ученици, а втората е по угостителство и туризам во која ќе матурираат 3 ученици.

Не се знае која е причината што учениците од овој град не се заинтересирани за запишување во гимназијата, туку одат во другите средни училишта во Битола и во Кичево.

10.05.2023 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега