Муцунски во „Генералка Викенд“: Аеродром е европска, зелена и чиста општина

 

Oпштина Аеродром е најзелена општина во Македонија и ние секоја можност ја користиме да инспирираме промени и да повикаме на единство во остварување на заедничкиот интерес - чиста, зелена и здрава животна средина, велат од општина Аеродром во соопштение испратено до медиумите.
 
Во насока на остварување на оваа цел, денеска на повеќе локации низ Аеродром се одржа традиционалниот настан „Генералка викенд“, што претставува масовна акција за чистење на животната средина, но и подигнување на свеста за соодветно одлагање и управување со отпадот. 
 
Поддршка на акцијата даде и градоначалникот Тимчо Муцунски кој заедно со ученици од „Лазо Ангеловски“ се вклучија во онлајн разговор каде зборуваа за денешното чистење во Аеродром, проектите насочени кон подобрување на животната средина, едукација на најмладите, реализација на еко проекти и потребата за одговорност кон средината која живееме. 
12.05.2023 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега