(ВИДЕО) Дури и бракови се распаѓаат поради изборите во Турција: Жена му се скара на мажот оти јавно кажал за кого ќе гласа
Турција изминатите две децении не видела избори како оние што се одржале минатиот викенд. Реџеп Таип Ердоган ќе мора да оди во вториот круг од претседателските избори. За две недели противкандидат ќе му биде лидерот на опозицијата, Кемал Киличдароглу, а многу прашања се ставени на „коцка“.
Во меѓувреме, поради изборите, според некој коментатор на Твитер, браковите почнале да се распаѓаат, пишувало во „Јутарњи Лист“. На социјалните мрежи вирално се проширило видео на кое новинар прашал брачна двојка за кого ќе гласаат на претстојните избори.
Доследно, за Ердоган!“, изјавил сопругот. Сопругата, удирајќи го својот сопруг по грбот, одговорила дека ќе гласа „Се разбира, за Киличдароглу“.
Видеото на социјалните мрежи, пак, го погледнале повеќе од 1.5 милиони луѓе. „Развод! Поради ова ќе настане хаос во домот“....“, бил еден од коментарите. „Овој нема да добие вечера!“, заклучил друг.
A case in Turkey...
Reporter: Who are you going to vote for?
Husband: Truly, for Erdogan!
Wife: Kilichdaroglu, of course! - prescribing bream to the faithful ... pic.twitter.com/yRnPpa53se— Spriter (@Spriter99880) May 14, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа