Монструм од Македонија по кој трага Интерпол си го претепал петмесечното бебе во Србија

 

Полицијата во Нови Пазар поднела кривична против 27-годишниот Македонец Н.Б. кој си го претепал петмесечното бебенце.

Според информациите од Блиц, пријавениот во понеделникот околу 19 часот и 30 минути си го претепал своето бебе, нанесувајќи му видливи повреди по главата и по вратот.

По Н.Б. и Интерпол има распишано потерница, по што му е определен екстрадициски притвор. 

11.12.2013 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега