ВИДЕО: Георгина Родригез покажа како тверка и игра бачата
Георгина Родригез на својот Инстаграм се пофали дека се запишала во училиште за танц каде учи бачата, како и популарниот танц „тверкинг“.
Oбјави две кратки видеа на кои вежба танцување со помош на тренер.
„Неверојатна танцова основа и голема желба за учење можат да донесат само добри резултати. Презадоволна сум од еволуцијата на Георгина за само 3 часа што ги имавме“, ја пофали тренерот свршеницата на Роналдо.
Георгина во својот документарец што беше прикажан на Нетфликс откри дека танцувала балет во детството и дека танцувањето било нејзино бегство од секојдневните проблеми со кои се соочувало нејзиното семејство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа