(ВИДЕО) Теодора се огласи за нејзиниот порно-аудио скандал: Злосторство е тоа што ми беше направено

 

Теодора Џехверовиќ ја допре актуелната тема во Амиџи шоу, кога беше вмешана во порно-аудио скандал, на кој наводно се слуша нејзиниот глас. Таа одговори на прашањето на водителот, но повторно ниту ги потврдила, ниту ги демантирала натписите.

-Во оваа прилика се огласувам за прв и последен пат. Може да има две вистини, дека некој сето тоа го наместил и дека не сум јас, а другата е дека некој ме снимал. Без оглед на вистината, тоа е катастрофа. Ова може да му се случи на секого. Ништо не потврдив. Не можам да верувам дека не добив поддршка од жените, а тоа навистина ме повреди. Го прифатив тој потсмев. На овој начин би сакала да и се заблагодарам на личноста која ми го направи ова бидејќи сега всушност сфатив колку сум силна, рече таа.

„Злосторство е тоа што ми беше направено. Лицето што го објави ова може да оди во затвор. Каде пишува дека треба да бидам жртва на такви работи бидејќи сум јавна личност?“, изјави Теодора.

31.05.2023 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега