Не сака да слави додека Анастасија тагува: Цеца ја откажа забавата за својот 50-ти роденден
Светлана Цеца Ражнатовиќ во последен момент одлучи дека годинава нема да го слави роденденот, 50-годишниот јубилеј.
Иако со месеци ја подготвуваше роденденската прослава во еден познат белградски хотел со помош на нејзината сестра и најблиските пријатели, Цеца тоа го стопирала поради се што и се случило на нејзината ќерка Анастасија која се уште се опоравува од загубата на своето бебе. Додека младата пејачка тагува, нејзината мајка смета дека не е време за голема прослава.
14-ти јуни, денот на нејзиното раѓање, Цеца ќе го помине во својата вила, опкружена со најблиските.
Да потсетиме, својот трет роденден неодамна го прослави и првиот внук на Цеца, Жељко, но поради ситуацијата со Анастасија, Ражнатовиќ немаа голема прослава, туку роденденот го прославија во кругот на семејството во Тител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа