Османи на министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

 

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија, во организација на државниот секретар на САД, Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд.

Министрите од земјите членки на Глобалната коалиција ќе дискутираат за ДАЕШ/ИСИС во Ирак и Сирија, Африка, централна Азија и Авганистан, и како работните групи на Коалицијата се справуваат со овие закани.

На овогодишниот министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против Даеш/ ИСИС ќе учествуваат претставници од вкупните 86 земји од сите пет континенти што се дел од Коалицијата.

08.06.2023 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега