Лога – Тигањ: Уставните измени ќе отворат можност за успешен почеток на преговорите
Потребен е широк консензус за европскиот реформски пат кај сите политички партии, и од власта и од опозицијата. На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ се разговараше за процесот на уставни измени и преземањето одговорност при носењето на одлуката со која ќе ни се отвори патот кон големото европско семејство. Ова е неповратен процес кој нема алтернатива.
На средбата беше посочено дека Преспа форумот за дијалог кој ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Струга, а на кој ќе присуствуваат високи меѓународни претставници меѓу кои и претседателот на Хрватска и министерот за надворешни работи , ќе биде добра основа за продлабочување на меѓусебната соработка, зацврстување на стратешките партнерства, европската и евроатлантската перспектива на регионот.
Лога и Тигањ дискутираа и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите од Хрватска кои инвестираат во нашата држава и отворањето на нови работни места.
Билатералната соработка ќе се интензивира преку иницирање на заеднички напори за реализација на проекти преку кои ќе се пренесе знаењето и вештините за европските практики.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа