Ковачевски денеска реши да ги испрашува новинарите, а одбегна да одговори кој од двата предлози на Мицкоски е прифатлив за него
Премиерот и денеска одбегна да одговори кој од двата предлози на Мицкоски е прифатлив за него. Наместо да одговара, тој денеска на новинарите им поставуваше прашања.
Денеска премиерот дозна кој е дописник на Сител, но јавноста се уште не знае кој од предлозите на Мицкоски е прифатлив за Владата.
За разлика од Премиерот, неговиот коалиционен партнер денеска со јасен став.
Мицкоски веќе препознал отсуство на волја кај власта да се направи исчекор. Во интервју за Дојче Веле тврди дека СДСМ пропушта историска шанса. И тој го чека одговорот на премиерот.
„Првиот предлог кој го дадов е преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ. Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет, и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур. И измени од влада без ДУИ, поддржана од опозицијата.
Она што го понуди Ковачевски се уставни измени под бугарски диктат, и широка влада со ДУИ. Не е поентата ВМРО- ДПМНЕ да дојде на власт во некаква широка влада, туку да изградиме процес и пакт за национално единство каде ќе ги заштитиме националните интереси.
Ние чекаме одговор. Непродуктивно и бесцелно е да се продолжи со какви било разговори или работни групи, ако тие не се сложуваат за предлозите кои ги дадовме. Ние ќе почекаме уште некој ден. Наместо да трошат енергија на посипување пердуви, нека имаат суштински состаноци и нека излезат со став.“ – вели Мицкоски за Дојче Веле.
Тој додава дека во моментот кога СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе застанат на иста страна, ДУИ веќе престанува да биде фактор во приказната.
А Интегративците и натаму го туркаат процесот како лидерската меѓу Ковачевски и Мицкоски да не се случила. Наспроти најавите на премиерот дека е подготвен да ги стави уставните измени веднаш во Собрание,во ДУИ кои изразија подготвеност да ја напуштат владата не им се брза. Иако предлогот за уставни измени во владата стои веќе цела недела, собраниската процедура се најавува дури на крајот на летото
По лидерската средба минатата недела, Мицкоски понуди промена на Уставот со одложено дејство заедно со Влада без ДУИ или предвремени избори. СДСМ рече дека е подготвена да даде половина министри но уставот да се смени уште оваа есен. ДУИ се подготвени да излезат од Владата но само откако ќе се смени Уставот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа