Го избркале од училиште поради лошо однесување, се вратил со пиштол: Детали за малолетниот напаѓач од БиХ

 

Како што пренесуваат босанските медиуми, поранешниот ученик кој отворил оган во основното училиште во Лукавац и во таа прилика тешко ранил работник, пред неколку месеци бил избркан од училиштето поради лошо однесување.

„Аваз“ дознава дека утрово дошол во училиштето со пиштол и го побарал вработениот во училиштето, а потоа пукал.

Според официјалните информации, во престрелката нема повредени деца.

Престрелката се случила околу осум часот утринава. Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен.

Со прострелна рана во пределот на вратот во УЗ Тузла е хоспитализиран ранетиот пациент со иницијали О.Н.

„Пациентот е интубиран, операцијата во моментов е во тек“, велат од болницата.

14.06.2023 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега