Руската рубља за првпат доби симбол
Централната банка на Руската Федерација како графички знак за означување на рубљата ја одбра буквата Р со хоризонтална цртичка.
Овој симбол ќе се користи при печатењето на банкнотите, изјави за новинарите Елвира Набулина, претседателка на Централната банка на Русија.
Во изборот на графичкиот знак учествуваа 280.000 луѓе, а најпопуларен знак за нив е буквата Р со хоризонтална цртичка. За овој знак гласаа преку 61% од учесниците во изборот.
Новиот симбол на руската рубља би можел да се појави и на компјутерските тастатури.
12.12.2013 - 10:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа