(ВИДЕО) Ќерката на Цеца кршеше чинии среде ресторан, фудбалерот не реагираше во ниту еден момент
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ отпатува за Сен Тропе со својот партнер, Немања Гудељ, па своите следбеници ги изненади со видео директно од таму.
Таа била толку весела на видеото што атмосферата ја понела, па на крај започнала да крши и чинии во ресторанот каде биле на вечера.
Имено Анастасија седела на маса, а потоа земала две чинии и започнала да ги крши еден со друг додека не се искршат до крај.
Цело ова време таа не ја тргаше насмевката од своето лице, па со ова уште еднаш докажа дека добро знае да се забавува кога е во „елемент“.
За потсетување, парот неодамна го загуби своето бебе во петтиот месец од бременоста, а веста ја објави фудбалерот Гудељ, додека Анастасија го деактивираше Инстаграм профилот.
Анастасија крши чинии среде ресторан pic.twitter.com/pfgoqFWsLC
— Курир (@KurirMK) June 30, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа