Ќамил Ковачи нов в.д директор на ЈП Улици и патишта

 

Саит Саит, од денес е разрешен од позицијата Директор на ЈП Улици и Патишта, а функцијата в.д директор на претпријатието од денес ќе ја извршува Ќамил Ковачи, информираат од Град Скопје.
 
Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај.
 
Град Скопје продолжува да работи во интерес на граѓаните, навремено, квалитетно и транспарентно, велат од општината.
30.06.2023 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега