Хорор во Белград: 17-годишник со нож нападнал две лица – едниот почина
Уапсен е 17-годишникот кој синоќа во Белград го убил М.А (31) и тешко го ранил Б.Д. (27) во Жарково на Чукарица, пренесоа српските медиуми.
-Малолетникот Л.Ш. пред извесно време се судрил со М.А. и Б.Д. а потоа го претепале. Првите индиции од истрагата укажуваат дека оттогаш се подготвувал да им се одмазди и само чекал можност да ги нападне, пишуваат српските медиуми.
Злосторството се случило во близина на основното училиште, но надвор од училишниот двор. Тројца млади момчиња седеле на клупа кога им пришол напаѓачот. По кратка пресметка и расправија, напаѓачот со остар предмет ги нападнал младите и во таа прилика до смрт го избодел М.А, а го ранил Бранко Д, додека третиот млад човек останал неповреден.
Малолетниот Л.Ш. веднаш оди на сослушување во Одделението за малолетници на Вишото јавно обвинителство
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа