Ди Каприо и Безос донираат 200 милиони долари за спас на амазонската прашума
Леонардо ди Каприо и Џеф Безос помогнаа во основањето фонд за спас на амазонската прашума.
Холивудската ѕвезда (48) и основачот на „Амазон“ (59) се здружија за да ѝ помогнат на инцијативата „Предизвик за заштита на нашата планета“ (Protecting Our Planet – POP) да инвестира 200 милиони долари во напорите на бразилската влада да го зачува дивиот свет и да ги заштити животите на домородните луѓе на Амазонија во следните четири години.
Холивудската ѕвезда и основачот на „Амазон“ ќе донираат 200 милиони долари преку POP-иницијaтивата.
Ди Каприо ќе донира преку организацијата Re:wild, што ја кооснова во 2021 година и која досега има собрано 5 милијарди долари за заштита на загрозените видови и дивите предели.
„Ние сме инспирирани од амбициозните цели на Бразил за заштита на Амазонија, едно од најважните места за дивиот свет на планетата, и воодушевени сме што можеме да ги поддржиме овие напори преку ‘Предизвикот за заштита на нашата планета’ (POP),“ изјави актерот.
А бизнисменот милијардер се приклучи во име на својот фонд Bezos Earth Fund, кој го основа заедно со свршеницата Лорен Санчез, за да помогне во борбата против климатските промени.
Кристијан Сампер, директор во фондот на Безос, изјави: „Амазонија е клучна за иднината на глобалниот биодиверзитет и климата и ја поздравуваме посветеноста на претседателот Лула и на бразилската влада да ја заштитат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа