Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје - овие улици ќе бидат затворени

 

 

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Имено, со почеток од 18.30 часот, па сè до завршување на маршот, сообраќајот ќе се пренасочува на дел од улицата Христијан Тодоровски-Карпош од крстосницата со улицата Втора македонска бригада, дел од улицата Џон Кенеди со улицата Кемал Сејфула, потегот од улицата Цветан Димов до улицата Џон Кенеди и од улицата Цветан Димов до булеварот Крсте Петков Мисирков“ МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот.

 
11.07.2023 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега