Времето денеска: Сончево и многу топло со температури над 40 степени

 

 

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ=10

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Под влијание на топол бран и во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло ќе биде во целава земја, а утре во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

13.07.2023 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега