И следната недела многу топло време со температури над 40 степени и УВ 10
Подрачјето на нашата земја и во текот на следната седмица ќе биде под влијание на топол бран. Времето ќе биде многу топло со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во Скопското подрачје ќе се задржи многу топло време со минимална температура над 20, а максималната над 39 степени.
UV индексот ќе има многу висока вредност 10.
14.07.2023 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа