500 нови вработувања во Велес - германската „Marquardt GmbH” влегува на македонскиот пазар
Германската компанија „Marquardt GmbH” влегува на македонскиот пазар. Познатиот добавувач во автомобилската индустрија ќе инвестира 35 милиони евра во изградба на погон за производство на делови за врвните германски брендови како „мерцедес“, „ауди“ и „БМВ“ и планира да вработи преку 500 луѓе.
Погонот ќе се простира на 15.000 метри квадратни и ќе биде лоциран во Велес. Изградбата треба да стартува во март 2014 година, а фабриката да почне со производство во првиот квартал на 2015 година.
Договорот за новата инвестиција беше потпишан денеска во македонската Влада во присуство на премиерот Никола Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа