Линдзи Лохан стана мајка
Актерката Линдзи Лохан го доби првото дете со сопругот Бадер Шамас.
Линдзи (37) и Бадер (36) имаат син, соопшти нејзиниот портпарол во понеделникот. Тој воедно го откри и името на новороденчето, Луаи.
На арапски името Луаи значи „штит“ или „заштитник“.
Бебето е родено во Дубаи, каде што живее парот, но не е наведен точниот датум на раѓањето.
Пред неколку месеци Линдзи на социјалните мрежи сподели фотографија на бебешко боди со порака „набргу“ откривајќи им на своите фанови дека е бремена. „Благословени сме и возбудени“, напиша таа во описот на објавата во март.
Актерката и финансиерот ја објавија својата романса во февруари 2020 година, а во ноември истата година тој ја побара за жена.
Таа сподели фотографии од свршеничкиот прстен, покрај кој напиша: „Мојата љубов. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина“.
Двојката тајно се венча во април 2022 година, но Линдзи чекаше до јули истата година да потврди дека се венчале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа