Успешно отстрането големо парче лим кое паднало на кровот на зграда во Аеродром

 

Спроведена успешна координација и реализација на отстранување на опасност по вчерашната пријава на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК за опасност од покривен лим што неодамнешното невреме го нанело на пониска зграда на Булевар „АВНОЈ“ бр. 18 - 2 12 во Општина Аеродром, известуваат од Центарот за управа со кризи.

Во известувањето стои дека вчера попладне со ангажман на институциите од Системот за управување со кризи, во координација со Општина Аеродром успешно било реализирано отстранувањето на големото парче покривен лим кое паднало на кровот од пониската зграда со што постоело опасност при посилен ветер да се лизне и да повреди граѓани или да оштети возила и друг имот.

Реализацијата на отстранување со негово сечење на помали делови и симнување од покривот на зградата, како што појаснија, била завршена вчера поради очекувањата за појава на посилен ветар во наредните денови, според временската прогноза на УХМР.

27.07.2023 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега