Угина и третиот коњ во Зоолошка Скопје
Еден ден по угинувањето на двата коњи, Во Зоолошка Скопје угина и третиот прежевалски коњ.
Од полицијата потврдија дека коњот угинал во текот на вчерашниот ден, околу 14 часот. Овие коњи биле донесени во Зоолошката од Австрија како донација од компанија, биле многу ретки и вредни, со потекло од Монголија.
Првиот случај за угинатите коњи во полицијата го пријавил вработен во Зоолошката градина кој се посомневал дека коњите се отруени. Од скопската Зоолошка градина засега нема официјално објаснување што се случило со коњите, а нивната обдукција треба да ја прецизира причината за смрт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа