Зголемена фреквенција на возила на „Богородица“, за излез се чека и до 30 минути
Од 15 до 30 минути се чека за излез на граничниот премин Богородица и за влез во државава на ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјава.
-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.
04.08.2023 - 19:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа