Досега изрекувале по околу седум години затвор, ова е најголема казна – Апелација со овие аргументи ја правда 10 години пониската казна за велешанецот кој усмрти дете

 

 

Анализата на досегашната казнена политика на Апелациониот суд Скопје покажува дека изречената казна затвор од осум години за сообраќајка со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која 18-годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела.

– Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци а најмногу седум години и два месеци. Најголемиот број изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежителни околности што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода, соопштува Апелациониот суд Скопје.

„Апелациониот суд Скопје постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци. Во предметите по кои што постапувал судот 51,6% ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4% се преиначени“, се додава во соопштението.

Скопска Апелција му ја намали казната на велешанецот Ангелчо Николов, кој ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова и ја усмрти, од 18 на осум години затвор.

Второстепените судии му ја намалија казната за десет години.

Пресудата на Апелација беше донесена по пет месеци од изрекувањето на првостепената.

15.08.2023 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега