Времето денеска: Претпладне сончево време со температура до 38 степени, попладне услови за пороен дожд и грмежи
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 37 степени.
Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.
Во недела и понеделник особено вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа