Поскапува бензинот - поевтинува дизелот

 

Цените на бензинот се зголемуваат, а на дизелот се намалува од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 1 денар, и ќе чини 87,5 денари. Од утре ЕУРОСУПЕР 98 ќе чини 90 денари, односно неговата цена се зголемува за 1,5 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе изнесува 80 денари по литар.

За пола денар паѓа цената на екстра лесното масло и од утре ќе изнесува 80 денари. Цената на мазутот паѓа за 0,6 денари и од утре ќе се продава по 46 денари.

21.08.2023 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега