Влада одлучи: Државен студентски дом во Тетово

 

 

Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово.

Капацитетот на студентскиот дом ќе изнесува 300 легла. А, потребниот кадар, опрема и други услови за работа на Државниот студентски дом „Тетово“ во Тетово се предвидени согласно со нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар за студентските домови.

Целта на основањето на студентскиот дом во Тетово, според образложението од ресорното министерство, е остварување на интересите и потребите за престој на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.

22.08.2023 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега