ВИДЕО: Полициски хеликоптери исфрлија 80 тони вода за гаснење на пожарот на Јакупица

 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициските хеликоптери исфрлиле 80 тони вода во операцијата за гаснење на пожарот на Јакупица.

-Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствува во реонот на планината  Јакупица, во близина на велешкото село Богомила каде успешно беа изгаснати неколку краци од пожарот кој  настана денеска, но пожарот се уште е активен и заедно со пожарникарите од ТППЕ Велес се преземаат дополнителни мерки за негово гасење.  По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активираат два хеликоптера на МВР, веднаш е постапено и хеликоптерите до сега прецизно исфрлија над 80 тони вода. Хеликоптерот  Ми-171 во 25 налета исфрли преку 60 тона вода, а хеликоптерот БЕЛЛ 212 во 20 налета исфрли преку 20 тона вода, велат од МВР.

22.08.2023 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега