Стоилковски: 5 деца вчеравечер се нападнати со нож на мостот кај Ист Гејт

 
„5 деца во 21.30 се нападнати со нож на мостот кај Ист Гејт“, напиша на социјалната мрежа Фејсбук синоќа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
 
„Твоите пулени од Центар и Ѓоко Стојановски инспектор за деликти сакаат да го забошотат случајот затоа што ние како родители не дозволуваме дополнително малтретирања на децата. Прво, не знаеле дали да дојде полиција од Центар или од Аеродром.
Па по земени изјави, запишани имиња (да, и на родители) и пријавена комуникација со опис на сторители (претходно со друг напад на плоштад!), сега малтретирате САМИ да сме иделе ние до станица Центар и дополнителни малтретирања да трпат и деца и ние како родители!?
Имаш опис, имаш локација, имаш СНИМКА НА КАМЕРА, а имаш и ДЕЛО напад со нож на плоштад од веројатно истите лица“, го праша Стоилковски министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку ФБ.
 
„Што е работата бе Оливер?
Страв ти е што биле за Шкупи и што биле Шверцери и ќе боделе Комити?
Не смееш да мрднеш од Артан Груби?
Деца ми закачате, опасно минувате линии!
ПС. Собери си ги вересиите од по станици“, напиша Стоилковски на ФБ.

29.08.2023 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега