Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи општините со средства од централниот буџет

 

„Задоволство и чест е што денеска на покана на градоначалникот на општина Гази Баба сум на отпочнување на вака значаен проект. Можеби чудно делува кога зборуваме за земја која кандидат за член на ЕУ, а на воздушна линија на неколку километри од центарот на градот, живее население кое нема вода за пиење во 21 век“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Соопшти дека општина Гази Баба започнува проект во ова населено место во вредност од 8 милиони денари со кои ќе се реши овој децениски проблем, односно жителите на ова населено место ќе добијат вода.

„Сето тоа претставува само дополнителен мотив да направиме разлика помеѓу оние кои денеска седат во владата, а се дел од коалицијата СДС и ДУИ, и оние луѓе кои градат, а тоа се градоначалниците кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, најголемиот дел од нив имаат речиси реализирана програма која беше ветувана на локалните избори во 2021 година, а некој просек од 60% веќе на половина од мандатот е на целата територија каде што има градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Имајќи предвид дека за неколку месеци од денес ќе имаме влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, таа влада има намера да реализира од централниот буџет да децентрализира отприлика 9 милиони евра годишно само за општина Гази Баба“, изјави Мицкоски.

Тој вели дека бил убеден дека не само што ќе биде предвреме исполнета програмата, туку ќе биле направени и проекти кои не биле дел од програмата за локални избори.

 

 

29.09.2023 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега