ЦУК: Шест активни пожари, викендов имало вкупно 70

 

 

Центарот за управување со кризи извести дека вчера имало 31 пожар на отворен простор, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. При тие пожари гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана, а и борова шума и неколку депонии. Инаку, заедно со саботните 39 пожари, викендов имало вкупно 70 пожари, за еден помалку од минатиот викенд кога имаше 71 пожар.

До утрово, активни пожари од последното деноноќие, според извештаите што се стигнати во ЦУК, има уште шест. Тие се во: Општина Македонски Брод кај село Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума); Општина Чашка, кај село Горно Јаболчиште (ниска вегетација и шума); Општина Кривогаштани и Крушево, кај село Подвис каде што пожарот се проширил кон селата Алдинци и Норово и гори ниска вегетација и шума; Општина Свети Николе, помеѓу селата Ерџелија и Мустафино (горело сува трева); Општина Градско, село Згрополци (сува трева) и во Општина Илинден: во близина на рафинеријата (каде горела ниска вегетација и најверојатно утрово е изгаснат).

Од вчерашните 31 се изгаснати 25 пожари и тие биле на цела територија на државата, конкретно во:
– Општина Ново Село, кај село Зубово (каде што горела сува трева и ниви);
– Општина Сарај: село Бојане (стрниште и отпадоци);
– Општина Чучер Сандево: село Визбегово (сува трева и отпадоци);
– Општина Центар: покрај ул. „Лазар Личеноски“ (отпадоци);
– Оптштина Битола: село Ивањевци (сува трева);
– Општина Демир Хисар: село Бучин (сува трева);
– Општина Прилеп, кај селата Мало Рувци, село Алинци, село Канатларци и село Арланци (ниска вегетација и ниска шума);
– Општина Струга, кај село Враништа (нива и овошни садници) и кај село Ложани (сува трева);
– Општина Македонски Брод, село Девич, местото викано Бабин дол (ливади);
– Општина Велес: село Долно Оризари (сува трева и трње и дел борова шума);
– Општина Свети Николе, покрај улица „Едвард Кардељ“ (сува трева) и кај село Крушица (сува трева);
– Општина Штип, кај месноста „Суитлак“ (сува трева и напуштено лозје) и кај населбата „Три Чешми“ (сува трева);
– Општина Берово, село Двориште (нискостеблеста шума и сува трева);
– Општина Пробиштип: село Драч (сува трева);
– Општина Куманово: село Никуштак (сува трева);
– Општина Крива Паланка: село Градец, м.в.Мочиште (сува трева и борова шума);
– Општина Кратово: село Живалево (сува трева);
– Општина Желино: село Рогле (сува трева) и во
– Општина Гостивар, кај местото „Стадионот“; населба „Дутлок“, кај село Речане и кај село Чегране (запалени стрништа и сува трева).

02.10.2023 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега