Спасовски за Канал 5: Годинава за околу 11% намален криминалитетот, за 4 % зголемена ефикасноста

 

Во утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето како Министерството се справува со криминалот кај нас, потенцираше дека тоа е основата на работењето на Министерството за внатрешни работи во однос на секој предизвик од безбедносната сфера.

„Во тој дел имаме поставено стратешки приоритети по кои што работиме и сакаме да ги реализираме. Ако погледнеме низ годините наназад, а  статистиката е мерило за тоа што се работело, ќе видите дека во најголем процент од тоа што сме го поставиле како наша стратешка цел е реализирано, поради тоа што од година во година имаме сериозно намалување на криминалитетот и зголемување на ефикасноста на полицијата. Тоа е клучното мерило во успехот. За овие 8 месеци од 2023 година скоро 11% е намален криминалитетот од минатата година, за истиот период, и има зголемување за 4% на ефикасноста. Така што, минатата година беа најдобрите резултати од 1990 година до денеска, а тенденцијата во оваа година покажува дека ќе бидат уште подобри. Тоа е мотивацијата која што ја имаме. Секако дека секоја добронамерна критика, укажување итн., посебно од нашите стратешки партнери заради тоа што ние со нив работиме, ги градиме капацитетите - дали се тоа капацитети човечки или во однос на материјално-техничките ресурси - за нас се добредојдени. Тоа се приоритети кои што практично се заеднички со стратешките партнери, така што во секој поглед се работи и мислам дека многу повеќе треба да работиме не само на активно преземање мерки за сузбивање на одреден тип на криминал, отстранување на одреден безбедносен предизвик, туку и на јакнењето на јавната свест, на менувањето на перцепцијата, тоа клучната работа за нас“, истакна министерот Спасовски. 

 

 

 

02.10.2023 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега