Отстранета дивоградба во Скопје Север, на местото на нелегалниот објект ќе никне парк
Денеска беше урнат бесправно изграден објект во Скопје Север, а на уривањето присутен беше и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
„Ова беше децениски и многу голем проблем на граѓаните од ова населено место, узурпаторите покрај тоа што го прекршиле законот, имале исклучително лош однос со населението. Сè додека јас сум градоначалник на општина Бутел, законите ќе важат за сите еднакво, без отстапки“, порача Костовски.
„На ова место, по отстранувањето, ќе изградиме нов парк и ново урбано катче за жителите од Скопје Север. За мене, додека сум градоначалник, сите граѓани ќе бидат исти и еднакви!“, рече Костовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа