Мицкоски со поддршка за Канал 5
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со вчерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија смета дека реакцијата на луѓето што ја водат телевизијата била очекувана.
- Станува збор за исклучително коректно момче кое професионално си ја работи својата работа. Моето искуство е дека никогаш не оставил најмал простор за тоа што беше оквалификуван од страна на господинот кој вчера безочно го нападна во отсуство на аргумети. Нормално е да се очекува луѓето кои го водат тој медиум да реагираат и според мене, реакцијата која следеше е очекувана. Огромна поддршка за медиумот. Мојата честитка и на роденденот на медиумот беше дека политичарите постојат и заминуваат, а медиумите да продолжат да работат професионално. Задржете ја професионалноста и воопшто не треба да се посветува внимание на луѓе кои се само една лоша епизода на политичката сцена, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа