Го нападнале од зад грб пред „ХХЛ“ во Скопје - скопјанец пренесен во болница со обилно крварење

 

Во ГОБ-Св.Наум Охридски синоќа во еден часот по полноќ бил донесен 36-годишниот скопјанец А.Ж. со длабока расекотина на левата натколеница, повреда на мускул и обилно крварење.

Според податоците од МВР, А.Ж. бил нападнат на платото пред „ХХЛ“ од страна на засега непознато лице кое му пришло од зад грб и со остар предмет му нанело расекотина на левата нога.

Полицијата трага по сторителот.

15.12.2013 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега