Се негува традицијата: Основците во Гази Баба на подигнување на државното знаме
Утрово во дворот на Општина Гази Баба се одржа церемонија на свечено подигање на знамето на Република Македонија, знамето на Општина Гази Баба и знамето на Европската Унија.
Градоначалникот на денешниот настан истакна пред сите присутни дека од оваа година започнува со една нова активност со која во иднина ќе започнува одбележувањето на Денот на општината, а тоа е со промена на знамињата.
Должност на сите граѓани е да ги почитуваат знамето, химната и грбот како симболи на нашата татковина Република Македонија.
Знамето е национален симбол кое претставува заедничко обележје на сите оние кои живеат во Македонија, без исклучок на нивната национална припадност.
На церемонијата присуствуваа и учениците од општинските основни училишта. Претходно општина Гази Баба, по примерот на општина Аеродром секој понеделник наставата ја почнува со интонирање на државната химна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа