ВИДЕО: Тригодишно дете загина во пожар во Белград

Јагленисано тело, најверојатно на дете, било пронајдено во барака во белградската општина Чукарица, која утринава била зафатена од пожар, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Србија за агенцијата Бета.

Медиумите јавуваат дека станува збор за тригодишно дете.

Пожарот избувнал нешто по осум часот, јавува РТС . Брзо ја зафатил бараката, а во гаснењето учествувале пет противпожарни единици со 16 пожарникари.

„Пожарот е локализиран, а пронајдено јагленисано тело, најверојатно на дете“, велат од српското МВР за агенцијата Бета.

06.11.2023 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега