Шеф на албанска банда: Не го ограбив Меси затоа што го почитувам

 

Кражбите во куќи на фудбалери станаа тренд. Најновата жртва на разбојниците беше Серхио Рамос, а еден од криминалците кои се занимаваат токму со такви работи даде интервју за шпанскиот весник „Ел Еспањол“.

Станува збор за водач на албанска банда познат само по името Алберто. Се вели дека Алберто е главниот човек на групата која брои преку стотина криминалци.

„Го ограбивме Карим Бензема, а еднаш се обидовме да го ограбиме и Кристијано Роналдо. Упаднавме во неговата куќа во Мадеира, но пленот што го најдовме таму не беше примамлив. Пред 11 години упаднавме во куќата на Јохан Кројф, не ни знаевме дека е негова. Сфативме чија е кога ги видовме фотографиите на ѕидовите. Успеавме да украдеме вредни предмети од околу 20 илјади евра“, изјави Алберто.

Откри дека Лионел Меси е единствениот фудбалер што можел, но не сакал да ограби.

„Неколку пати ги запирав луѓето кои сакаа да упаднат во куќата на Меси. Се разбира, не можам да ги запрам сите такви обиди, но овој пат можев. Многу сум горд на тоа. Можев сам да го ограбам Меси, имав можност да упаднам во куќата на неговите родители пред околу една година. Не го направив тоа од почит кон Меси, се грижам за него“.

06.11.2023 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега