Од понеделник започнува продажбата на билети за натпреварот Македонија - Анлгија
ФФМ денес објави дека од понеделник, 13. ноември, ќе започне продажбата на билети за натпреварот Македонија - Англија на Нациолната арена „Тодор Проески“ во Скопје како дел од квалификациите за ЕП 2024.
Ќе се продаваат влезници од 400 и 600 денари, а продажбата ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
Воедно, задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.
Натпреварот ќе се одигра на 20. ноември со почеток од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Северна трибина
Блок 13 и 19 400 денари
Блок 14, 18, 20 и 24 600 денари
Јужна трибина
Блок 1 и 6 400 денари
Блок 2, 3, 4 и 5 600 денари
Западна трибина
Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 400 денари
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19. и 20. ноември од 10:00 до 18:00 часот.
Продажни места:
Скопје:
• ЛитератураМК - City Mall
• ЛитератураМК - East Gate
• ЛитератураМК - Веро Центар
• Литература - ТЦ Буњаковец
• Литература МК - ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел - ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол - Илинденска
• Макпетрол - Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• Литерара МК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• Литература МК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа