Вкупно 12 случаи на салмонела во пет училишта во Скопје

 

Вкупно 12 случаи на салмонела евидентирани во пет училишта во Скопје, потврди за МИА, примариус доктор Лулзиме Бајрами, раководител на Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје - Скопје.

- Најпрвин вчера имавме регистрирано седум случаи со салмонела, па уште два во текот на вчерашниот ден, за да имаме нови евидентирани три случаи денеска. Се работи за училиштата „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Димо Хаџи Димов“, „Јан Коменски“ и уште едно училиште. Сите овие случаи се со потврдени резултати, не само клинички, туку и лабораториски, појасни таа.

Денеска, како што појасни, имале и други активности, увиди во школи, магацини во кои се складира храна,  а утре ќе се продолжело со други контроли, каде што била доставена храна, бидејќи денеска не се можело се да се опфати.

Бајрами, исто така, информира дека имало најава и за уште еден друг случај, каде родители се јавувале за симптоми кај деца, но тој се уште не бил потврден и немало ништо конкретно.

Таа апелираше родителите да ги носат децата на лекар, укажувајќи дека некои од нив несовесни ги чувале во домашни услови со симптоми.

- Ако не посетат лекар, ние не можеме да добиеме пријава. Чекаме резултати од вчера земени примероци, а и утре ќе се земаат примероци. Ќе видиме понатаму, каде е изворот, изјави Бајрами.

09.11.2023 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега