Поскапе хамбургерот во Седмица - ова се новите цени

 

Сендвиачарата Седмица на некој начин е симбол на скопскиот фаст фуд. Со долгогодишната традиција и стандарден квалитет, Седмица на некој начин ги поставува условите на скопскиот фаст фуд пазар кој во последните години забрзано се развива.
Но инфлацијата и бранот поскапувања очигледно силно влијае врз овој бизнис па од пред неколку дена сендвичите во Седмица имаат нова цена, повисока за 20 денари. Сега, еден хамбургер чини 220 денари.
За очекување е по растот на цените во Седмица да скокнат и цените во другите сендвичари.

13.11.2023 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега