На повидок криза за градежни работници во Германија: Работодавците предупредуваат на катастрофа

 

 

Работодавците предупредуваат дека градежната индустрија во Германија е во сериозна криза и дека во рок од две години би можеле да исчезнат 300 илјади работни места.

Причина за тоа се високите камати, големи трошоци за греење како и страв од инфлација. 

Градежната индустрија е во криза и покрај сериозниот недостиг на станови во Германија.

Од јануари до август 2023-та година издадени се 28,33 проценти помалку градежни дозволи за станови отколку во истиот период во 2022-ра година. Според реномираниот институт „IFO“ од Минхен, секоја втора градежна компанија пати од акутен недостиг на нарачки, пишуваат германските медиуми.

Наместо изградба на 400.000 нови станови, кои ги ветиле германската министерка за градежништво Клара Гејвиц, градежната индустрија тврди дека ќе бидат изградени само 250.000 во текот на 2023-та година.

„Ако градежната активност дополнително се намали, загрозена е и енергетската транзиција, како и социјалниот мир во Германија“, смета друг работодавец од градежниот сектор.

Се наведува дека 300.000 работни места ќе бидат изгубени до 2025-та година и дека многу компании ќе се откажат од проекти.

Кириите според неговото мислење ќе пораснат до рекордни износи ако недостигот на станови стане уште поголем. За тоа да се спречи, како што вели, потребни се ефикасни државни стимулации.

„Дојдовните нарачки за изградба на куќи паднаа за повеќе од 50 проценти од минатата година. Тоа е повеќе од алармантно. ТОа се однесува на целосната индустрија за изградба на куќи“, истакнува трет работодавец од градежната индустрија.

Додава дека се неопходни даночни стимулации за градителите на куќи:

„Сега ни е потребно намалување на даноците за сите приватни лица кои градат. Одбивање на трошоците за изградба од данок веќе во Германија даде замав станбената изградба“, наведува работодавецот.

13.11.2023 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега