Реформа: Наместо кај матичниот на лекар во локалната аптека
Велика Британија почнува крупна реформа во здравствениот систем со што ќе им овозможи на своите граѓани услугите за најчестите здравствени состојби да ги добиваат во најблиската аптека. Според информациите кои денеска ги објави британското Министерство за здравство, од почетокот на идната година пациентите ќе можат да добијат третман во аптеките за разни настинки, проблеми со грлото и синусите, болки во ушите, инфекции по убоди од инскети и некомплицирани инфекции на уринарниот тракт.
Планот на Владата на премиерот Сунак е на овој начин да ослободи повеќе од 10 милиони термини кај матичните лекари годишно.
Покрај ова, почнувајќи од декември, Велика Британија ќе овозможи оралните таблети за контрацепција жените да можат да ги добиваат во локалните аптеки без претходно да им бидат препишани од матичниот лекар.
Аптеките исто така на пациентите ќе им нудат и проверка на крвниот притисок како една од мерките со кои Велика Британија планира да го намали бројот на срцеви удари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа