Текст од еден „скопјанец“ јеби га! Извини!!!

 
Прекрасен текст одлично срочен нема збор, со голем дел и се сложувам, но сепак со оглед на тоа што зачестија писмата од дијаспората, внатрешноста, сметам дека треба и некој од Скопје да ви каже, по некој збор.
 
Прво и основно, нема чоек од Скопје, Скопје е идеја и го чинат луѓето кои за жал или за среќа наназад пар генерации сите се дојдени од пичовац, част на исклучоци, ама и тие не ги прави повеќе скопјани од било кого од нас, вас како и да гледаш. Така што толку за таа твоја теза за скопјани.
 
Да и ружно е Скопје океј, ама па Пробиштип да не е поубав :)
 
Не сме иделе на предавања ние скопјаните? Да јеби га не идев, си имав девојка што имаше 5 стана и едноставно бевме презафатени со у кој стан да идеме и да се сакаме. Бев презафатен со екипата генерално од Скопје пошо јеби га од средно ми беа другари, еве кај да запознаам претходно другари од други градови? Бевме презафатени од кај да најдеме џокла дента, на кој диџеј да идеме у четврток, покул ни беше да работиме по кафичи и да склопиме некој кеш летоска да се забиеме на некој фестивал, отколку да идеме и да држиме демонстрации ли како и да се викаат на студенти. Јеби га, ако сме те увредиле што стварно не не интересирало било што од тоа, стварно ИЗВИНИ...
 
И извини, но навистина сметам дека комплексот што си го чувствувала и за жал се уште го чувствуваш, те тера да мора да ни пишеш од некоја европска метропола бидувајќи поевропјанка од мене „скопјанецот“, но тоа никако не ти дава за право да генерализираш и да не отпишеш сите и да речеш за Скопје:
 

Целиот пост прочитајте го на блогот Аердромски сон

Категоријата БЛОГЕРАЈ има за цел да ја развива слободната мисла и да ги поттикне читателите својот став да го искажат јавно. Се превземаат главно теми поврзани со политката, социјалата и актуелните настани. 
Редакцијата на Press24 го превзема само воведот на авторот, а за целиот текст читателите ги упатуваме на оригиналниот линк. Редакцијата на Press24 не секогаш ги дели ставовите со оние на авторот на постот.
Сите заинтересирани блогери кои сакаат нивниот пост да биде објавен во оваа рубрика може да го контактираат уредникот на [email protected]

15.12.2013 - 23:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега