Тинејџери во Германија организирале проституција

 

Германската полиција истражува двајца тинејџери за кои се сомничи дека подведувале пет девојчиња и едно момче во Вупертал. Според првите информации од полицијата, повеќето од нив доброволно се занимавале со проституција.

„Тоа е нешто што малку не изненадува и е нешто како нов тренд. Имаме 14-годишни девојчиња кои сами се проституираат и бараат макроа бидејќи сè уште не ја познаваат толку добро оваа дејност и бараат помош“, рече главниот јавен обвинител Волф-Тилман Баумерт.

„Макроата го користат тоа. Младите се впуштија во бизнис, но парите завршија кај нив“.

Мотивацијата за малолетниците може да биде желба за луксузни предмети или проблеми со парите. Вкупно пет девојки и еден млад човек наводно се занимавале со проституција, а некои од нив наводно почнале на 14-годишна возраст. Подведувањето се случило помеѓу август 2022 година и јануари 2023 година. Во барем еден случај, девојката била притисната да не се откаже.

Баумерт додаде дека двајцата осомничени и биле од претходно познати на полицијата и дека претходно „биле инволвирани во кривична постапка”. Од 2017 година и двајцата наводно биле дел од „бандата Гучи” и претепале пензионер во Вупертал. Мажот подоцна починал во болница од повредите.

Речиси сите пари од проституција завршиле кај осомничените. Младите кои биле подведувани добивале само џепарлак од тоа. Се наведува и дека осомничените ги избирале локациите. Освен апартмани, тоа биле претежно хотели.

„Сега имаме многу хотели каде што речиси и да нема видлив персонал. И веќе нема никаква контрола врз тоа кој всушност ги добива собите. Тогаш повеќе или помалку ви треба само картичка за да резервирате и да ја добиете“, рече Баумерт.

Истрагата се уште не е завршена. Засега е јасно дека младите проститутки доаѓаат од сите општествени слоеви, вели Баумерт. Еден од двајцата осомничени макроа е во притвор по други обвиненија, додека другиот е во бегство.

22.11.2023 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега