Муцунски од Долно Лисиче: По повеќе од 15 години учениците добиваат подобри услови за настава, спорт и рекреација
Дечињата од Долно Лисиче, по долги години ќе добијат соодветни услови за реализација на наставата и спортување, ова на својата фејсбук страна го објави градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски кој информираше дека со поддршка на општествено-одговорна компанија, општината започнала со реконструкција на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче.
Инвестициите во ова основното училиште опфаќаат целосна реконструкција на фасадата и поставување енергетски – ефикасна фасада, замена на старите олуци и поставување нови, санирање на оштетените делови од зградата, како и целосна реконструкција на санитарните јазли. Проектот исто така вклучува и изведба на надворешно одбојкарско игралиште и паркинг со што ќе се реши проблемот со паркирањето во училишниот двор.
Муцунски во својата објава нагласи дека станува збор за прва инвестиција за реконструкција на училишната зграда и уредување на дворот што истовремено е исполнување на едно од главните барања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа