Се огласија од Ист Гејт: Проблемот кај едно од возилата е решен - трговскиот центар е безбеден

 

По евакуацијата на Ист Гејст се огласија од Трговскиот центар од каде велат дека ситуацијата е безбедна и тој ќе продолжи да работи со регуларно работно време.

-Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, би сакале да Ве известиме дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен. Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време, велат од Ист Гејт.

Претходно медиуми објавија дека извршена била евакуација поради опожарен автомобил во гаражата на Трговскиот центар.

25.11.2023 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега