Катар: Примирјето е продолжено за два дена
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Мајед ал Ансари, објави дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа.
„Државата Катар објави дека, како дел од тековното посредување, е постигнат договор за продолжување на хуманитарното примирје за дополнителни два дена во Појасот Газа“, напиша тој на социјалните мрежи.
Хамас исто така го потврди примирјето, но Израел допрва треба да го коментира тоа.
„Исламското движење на отпорот Хамас објавува дека е договорено со неговите браќа во Катар и Египет да се продолжи привременото хуманитарно примирје за дополнителни два дена под истите услови како и претходното примирје“, се вели во соопштението на Хамас, пишува „Скај Њуз“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа