Повик за изградба на винарски визби во Кавадарци, Неготино и Росоман
Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека распишани се објави за отуѓување државно градежно неизградено земјиште со електронско јавно наддавање за изградба на винарски визби. Станува збор за вкупно 31 локација во општините Кавадарци, Неготино и Росоман, а целта е привлекување нови домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места.
На објавите може да се пријават сите физички и правни лица кои ги исполнуваат наведените услови.
Предмет на електронско јавно наддавање за земјиштето огласено од општина Кавадарци се три градежни парцели со површини од 2.247, 2.282 и 2.445 метри квадратни, чија почетна цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање за земјиштето може да се достават најдоцна до 16.01.2013 година.
Предмет на електронско јавно наддавање за локациите во општина Неготино се 17 градежни парцели за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија – винарии со површини од 1.520 до 7.020 метри квадратни, чија почетна цена на јавното наддавање е 61 денар од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 16.01.2013 година.
Предмет на електронско јавно наддавање за локациите во општина Росоман се 11 градежни парцели, наменети за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија – винарии со површини од 1.571 до 2.644 метри квадратни, чија почетна цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање во општина Росоман може да се достават најдоцна до 16.01.2013 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа